Научниците очајуваат: Глечер поголем од Њујорк ќе се отсече од Антарктикот, расте нивото на морето?

Точка

10/01/2017

21:00

6222

Големина на фонт

а а а

Големо парче мраз веројатно наскоро ќе се одвои од Антарктикот, а научниците сметаат дека тоа ќе биде едно од најголемите забележани отцепувања. Глечерот Ларсен Це моментално е споен со својот леден брег само со 20 километри мраз, а во моментот кога ќе се одвои, ќе настане глечер од околу 5000 километри квадратни.

Во август истражувачите објавија дека пукнатината во Ларсен Це се зголемила за 22 километри во рок од шест месеци. Во декември пукнатината се зголемила за уште 18 километри во рок од еден месец.

Отцепувањето на Ларсен Це значително ќе го промени пејзажот на континентот. „Ледениот брег Ларсен Це ќе изгуби повеќе од 10% од површината и тој настан од темел ќе го промени пејзажот на континентот“, изјавил професорот Ејдријен Лакмен.


Зголемување на висината на морето?

Истражувачот Мартин Олери изјавил за CNN дека одвојувањето на овој глечер ќе го направи нестабилен остатокот од мразот и дека би можело да дојде до пораст на нивото на морето.

Во 2002 година се одвои Ларсен Бе и во антарктичката струја уфрли милиони парчиња мраз. Пред да се одвои, доаѓало до слични настани како сега со Ларсен Це. Во 1995 година од истата маса мраз се одвоил Ларсен А.


Олери смета дека одвојувањата на Ларсен А и Бе се поврзани со климатските промени, но дека не се сигурни за Ларсен Це. Поверојатно е дека одвојувањето ќе го предизвикаат природните географски модели кои ги следат со децении.

„Мислиме дека нема поврзаност на климатските промени со оваа пукнатина, но не можеме да ја игнорираме и таа можност“, додал Олери.


Спонозорирани линкови

Маркетинг