Лице в лице со убиецот: Исповед на командант на ИСИС

Точка

10/01/2017

19:45

9.641

Големина на фонт

а а а

Тој ги организирал бомбашките напади во Ирак, но полицајците и разузнавачите го фатиле.

И самата ја преживеала судбоносната средба со автомобил бомба. Двајца нејзини колеги од новинарската екипа ја немале таа среќа. Во нападот загинал и еден американски војник. А, сега, имала прилика да разговара лице в лице со убиецот. Навистина, тој не ги убил нејзините колеги, но можеби е и полош. Тој е командант на баталјонот на ИСИС во Багдад.

Таа е Кимберли Дозиер и добила шанса да го интервјуира еден од ретките заробени команданти на Исламската држава. Само четири месеци претходно бил фатен командант на ИСИС, а ирачките безбедносни сили рекле дека се криел кај сопругата и петте деца.

„Го пробивме ИСИС подобро од ЦИА. Сопругите на високите команданти најмногу ни помогнаа во тоа. Тие без никакво размислување ги предаваа своите сопрузи. Сега среќно живеат во слобода“, раскажал еден ирачки офицер за фаќањето на командантот на ИСИС.


Во разговорот со заробеникот ѝ помагал поранешен преведувач за американската војска. „Како се викаш?“, било првото прашање. „Абу Таха“, гласел едвај чујниот одговор.

„Кое е вашето вистинско име?“, го прашала новинаркатаи заробеникот потивко ѝ одговорил: „Малик Камис Хабиб“. Завршил факултет, работел во државна фирма. Има 45 или 46 години, но не е сигурен бидејќи не знаел кога е точно роден.

Во неговото родно село некаде во ирачката пустина такви детали не биле важни. Знае точно колку години имаат неговите деца, знае и колку години има неговата сопруга. Таа била бесна поради него. Абу Таха тврдел дека неговата сопруга Надја немала поим за неговото „хоби“, пишува порталот Express.hr.


Сега кога тој е фатен, нема поим како Надја ќе се грижи за децата. Исламската држава има канцеларија задолжена за грижа за вдовиците, но Надја му раскажала дека не добила ништо. Зошто тој воопшто се приклучил во ИСИС? „Ми дојде еден познајник од квартот. Ми објасни дека мора да направиме нешто затоа што шиите ги убиваат сунитите. Лично не познавав ниту еден сунит на кого му паднало влакно од главата поради шиит“, раскажал тој.

Четири години бил во ИСИС и со тек на време стигнал до команда над четириесет или педесет луѓе. Тие не биле директно вклучени во борбите, но затоа поставувале импровизирани бомби.

Главна мета им биле војниците, но понекогаш убивале и цивили. Ни самиот не знае колку луѓе загинале во неговите напади. Сè што знаел им раскажал на ирачките власти, но и понатаму го следело чувство на вина.


После прашањето дали има некоја порака за Ирачаните кои размислуваат да се приклучат во ИСИС рекол: „Немојте. Не им верувајте на нивните лаги. Ќе ве уништат вас и вашето семејство“, рекол тој.


Спонозорирани линкови

Маркетинг