Чудесни места кои никогаш нема да ви дозволат да ги посетите

Точка

10/01/2017

18:31

6989

Големина на фонт

а а а

Писмата на Микеланџело, барањето на Хенрик VIII. за поништување на бракот и многу други документи тука го нашле своето место, а не веруваме дека некогаш ќе им бидат достапни на „обичните смртници“.

Некои од нив се обвиткани со превезот на тајната, а до некои е невозможно да се стигне. Имаат едно нешто заедничко, а тоа е дека е невозможно да се посетат и разгледаат.

Гроботна царот Чин Ши Хуанг


Сигурно сте слушнале за популарните теракотни воини кои ја чуваат гробницата на царот во Кина. Досега се извлечени вкупно 2 илјади статуи на војници, од кои сите се различни, а се верува дека има уште осум илјади под земјата. Сепак, истражувањата и ископувањата се` уште траат, а иако можете да ги видите војниците, можно е дека никогаш нема да го видите гробот бидејќи Кинезите ги почитуваат древните ритуали на закоп.

Пештерата Ласко, Франција


Овој комплекс на пештери на југозападот од Франција е насликан со цртежи од добата на палеолит. Со други зборови, цртежите тука се стари и 17 илјади години. Пештерите се наоѓаат на листата на Светско наследство на УНЕСКО, а за да се зачуваат во последните неколку години се затворени за јавност.

Вулканскиот остров Херд


Овој вулкански остров и` припаѓа на Австралија, но се сместил прилично подалеку од нејзиниот брег, со што станал еден од најоддалечените места на земјината топка. Тој е вистинска оаза за животните бидејќи на него своето место го пронашле пингвини, фоки... Но, овој остров е интересен и по тоа што пред десетина години е откриено дека на него постои и активен вулкан. Навистина, би било интересно да се види, но проблемот е што до него мора да се плови најмалку две недели од некое друго копно.

Островот на змии, Бразил


Во близина на Сао Паоло се сместил овој познат остров, кој речиси во целост го заземаат многу видови на змии отровници. Имено, ги има некаде околу 4 илјади, но локалните жители се колнат дека се повеќе, па така тврдат дека на секои пет метри квадратни доаѓа по една змија. Тука пристап единствено имаат научниците за своите истражувања, и тоа на секои неколку години.

Ватиканските тајни архиви


Скриени длабоко во внатрешноста на ватиканските ѕидини, тешко е да поверуваме дека некогаш овие документи ќе им станат достапни на обичните смртници. Писмата на Микеланџело, барањето на Хенрик VIII. за поништување на бракот и многу други документи тука го нашле своето место.


Спонозорирани линкови

Маркетинг