Голема загуба: Тунис остана без играчот кој ги отпиша нашите ракометари во Гдањск!

Дерби

10/01/2017

20:30

1674

Големина на фонт

а а а

Македонската ракометна репрезентација ќе ги започне своите настапи на Светското првенство во Франција со дуел против стариот должник Тунис, селекција која сите добро се сеќаваме дека ни го уништи животниот сон наречен Олимписки игри.

Тунижаните ни нанесоа тежок и болен пораз на квалификацискиот турнир кој се одржа во Гдањск, па сега повеќе од сигурно е дека мотивацијата кај нашите ракометари ќе биде уште поголема во обидот да се прикажат во што е можно подобро светло на отворањето на мундијалот.

Натпреварот меѓу Македонија и Тунис е на програмата во четврток, а пред истиот сега пристигна една позитивна вест за нашиот табор, односно крајно лоша за добро познатиот противник.

Ова попладне пристигна информацијата дека Тунис останува без услугите на играчот кој ги отпиша нашите ракометари на клучниот натпревар во Гдањск, Маруен Магаис. Голманот кој имаше сензационални одбрани во првото полувреме на минатогодишниот натпревар со Македонија заработил повреда за време на пријателскиот натпревар со Црна Гора, а денеска пристигна официјална информација дека нема да настапи на Светското првенство поради тоа што станува збор за посериозна повреда на мускулот за која е потребна пауза од најмалку еден месец.


Спонозорирани линкови

Маркетинг