Гутиерез најде утеха во Формула Е

КРУГ.МК

10/01/2017

19:00

794

Големина на фонт

а а а

Поранешниот возач на Хаас Ф1, Естебан Гутиерез, ќе се натпреварува на Формула Е серијата во неговата родна земја, откако го загуби возачкото место во Формула 1.

Било каква надеж за останување во Формула 1 згасна за Гутиерез минатиот викенд, кога екипата на Манор отиде во стечајна постапка.

Организаторите на Формула Е, откако најавија дека ќе има трка и во Мексико Сити, изјавија дека 25 годишниот возач покажал интерес за учество во нивната серија во 2017 и 2018 година.

Гутиерез кој не освои ниту еден поен, беше заменет со Кевин Магнусен, кој пак ќе се трка заедно со Роман Гросжан.

Формула Е веќе привлече неколку поранешни Формула 1 возачи, а присуството на Гутиерез сигурно ќе им оди во прилог на организаторите во Мексико.


Спонозорирани линкови

Маркетинг