Mercedes GT AMG: Поголема моќ како роденденски подарок

Точка

10/01/2017

19:00

3.204

Големина на фонт

а а а

Mercedes AMG во 2017-та година прославува половина век успешна работа, па за јубилејот се подготвени „мали“ измени во AMG GT гамата на автомобили.

Моделот AMG GT C Roadster доби уште еден член во C семејството, атрактивно купе кое што е претставено и во ексклузивната Edition 50 колекција, во која што ќе бидат произведени само 50 примероци од овој автомобил.

Покрај оваа новина, верзиите AMG GT и AMG GT S се визуелно и технолошки унапредени и имаат поголема моќ во своите агрегати.


Би-турбо V8 моторите со 4 литри работна зафатнина во GT пакетите сега располагаат со 476 коњски сили, додека GT S верзијата ќе има моќ од 522 коњски сили. Автомобилите во GT C „пакетот“ ќе располагаат со 557 коњски сили, додека најмоќната верзија останува GT R со 585 коњски сили и максимален обртен момент од 700 Nm.


Како што велат од Мерцедес, нивните „јубилејни“ автомобили во сите унапредени верзии ќе бидат во состојба од 0 до 100 километри на час да забрзаат за нешто помалку од четири секунди.




Спонозорирани линкови

Маркетинг