Црните кутии откриле: Ова е точната причина за падот на авионот со хорот "Александров"

Точка

10/01/2017

17:07

8.723

Големина на фонт

а а а

Причината за падот на рускиот авион "TU-154" во Црното море, претовареност и грешка на копилотот, тврдат поединечни руски медиуми, повикувајќи се на извори од Министерството за одбрана. Како што наведуваат, причините биле откриени по исчитувањето на податоците од сите црни кутии.

Авионот во кој биле припадниците на рускиот воен хор, кои летале за Сирија на прослава, паднал поради неколку поврзани причини, тврдат руските медиуми.

Податоците од црните кутии покажуваат дека авионот бил максимално оптоварен при полетувањето од Сочи, каде слетал да дополни гориво: Покрај полниот резервоар, и товарниот простор бил полн до максимум. Како што утврдиле експертите, во третата минута од полетувањето, на висина од околу 450 метри, копилотот Александар Ровенскиј ги помешал командите на опремата за слетување, и ги поместил закрилцата во положба за полетување. Поради тоа, авионот, кој бил многу оптоварен, почнал да ја губи брзината, изгубил висина и паднал, тврдат руските медиуми.


"Пилотите Роман Волков и Александар Ровенски во првите секунди биле збунети, но реагирале брзо и пробале сè да го извлечат авионот. Меѓутоа, им недостасувала висина и брзина за да ја спречат трагедијата. Прво на површината на морето удрила опашката на авионот, па десното крило, по што авионот се распаднал", рекле извори од руското министерство за одбрана.

Пилотите кои летале на овој тип на авион ја потврдуваат ваквата можност. Велат дека командите на закрилцата и опремата за слетување се наоѓаат едни до други во горниот десен агол на кабината, над ветробранското стакло. Командите за закрилцата се лево, а за опремата за слетување десно, па голема е можноста копилотот, кој седи покрај нив и е задолжен за нивната контрола, да не обратил доволно внимание и да направил погрешна команда.


Руските медиуми наведуваат дека и дека една од можните причини за падот е што екипажот не минал обука за реагирање во критични ситуации.

"Во воената пилотска школа, која ја минале Вилков и Ровенски, веројатно не биле обучувани за реагирање во критични ситуации на ниски висини. Да го избегнеле обложениот лет, можеби ќе го извлекле авионот. Покрај тоа, големи се шансите да успееле да го извлечат авионот и доколку не бил претоварен. Дека бил претежок говори и фактот што прво удрил со опашката во водата", тврди извори од комисијата која ја истражувала несреќата.


Авионот "TU-154" на руското Министерство за одбрана се урнал во Црното море веднаш по полетувањето од Сочи, а во него загинале 92 лица.

Конашенков: Извештајот е бесмислица

Руското Министерство за одбрана ги осудил како "бесмилици" медиумските извештаи за прелиминарните причини за падот на авионот кон крајот на декември.


"Сите гласини кои се објавени на сајтот Life News за наводно утврдените причини за падот на авионот, се целосна измислица од овој медиум. Комисијата задолжена за истрагата продолжува да работи", рекол портпаролот на Министерството за одбрана, Игор Конашенков.

Тој додал дека е неприфатливо и неморално да се обвини некој без докази, пренесува Tass.



Спонозорирани линкови

Маркетинг