Google Chrome апсолутно доминантен во 2016-та година

Точка

10/01/2017

18:00

1922

Големина на фонт

а а а

Почетокот на минатата година најави промена на трендовите, а сето тоа доби потврда по крајот на 2016-та година.

На стартот од минатата година, веб прелистувачот на Microsoft – Internet Explorer држеше дури 46% од пазарот со интернет прелистувачи во светски рамки.

Google Chrome иако бележеше рапиден пораст, тогаш имаше удел од „само“ 32%, додека Mozilla Firefox на крајот од 2015-та и почетокот од 2016-та година имаше удел на пазарот од само 12%. Тоа беше време на доминација на Internet Explorer, но уште тогаш веќе беше јасно дека работите ќе се променат и тоа од неколку причини.


Како прво, а веројатно и најважно, Internet Explorer, никогаш ниту приближно не беше добар како Google Chrome, Mozilla Firefox, Opera, па и Safari, а второ, дури и од Microsoft донесоа одлука да се откажат од Internet Explorer кога го претставија Edge во рамките на Windows 10 оперативниот систем.

Набрзо се остварија предвидувањата на аналитичарите. Се повеќе корисници сфатија дека Google Chrome е најдоброто решение на пазарот, па така на крајот од минатата 2016-та година, интернет прелистувачот на Google зазеде 56% од пазарот.


Од друга страна, сосема очекувано Internet Explorer на Microsoft падна на 21% со тенденција да го задржи падот, додека Edge од 2,8% колку што имаше на почетокот од 2016-та година, скокна на 5,3% на крајот од годината што е чувствително зголемување, но и разочарувачки резултат, со оглед на тоа што гигантот од Редмонд очекуваше далеку повеќе од својот нов интернет прелистувач.

Edge, секако е подобар од Internet Explorer, но според експертите, и натаму е потребно време за да стигне на нивото на Google Chrome.


Спонозорирани линкови

Маркетинг