Го прогласиле за луд, но се исплатело: Целата заштеда ја потрошил на плац - и не било залудно!

Точка

10/01/2017

18:35

15117

Големина на фонт

а а а

Вљубеникот во историјата, Стјуарт Вилсон од Велс, целата своја заштеда од речиси 32.000 фунти, пред 12 години ја потрошил на купување на земјиште за кое верувал дека крие вредна археолошка локација.

Иако сите мислеле дека парите ги потрошил залудно, неговото чувство на крајот не го измамило. На земјата која ја купил откриен бил изгубен средновековен град. Вилсон го купил полето во Јужен Велс пред повеќе од 10 години, верувајќи дека таму се крие важен дел од норманската историја.



Неговото верување станало факт, кога бил ископан средновековниот град Трелек. Се претпоставува дека населбата датира од 13. век, и дека во неа живееле околу 10.000 луѓе, што за тоа време било навистина голем град. Меѓу другите, таму живело и семејството Де Клер, кое се збогатило со производство на олово.



Вилсон и неговата екипа пронашле дворец со две големи сали, ограден со ѕидови и масовна кула. Внатре во комплексот биле откриени разни соби со камини, бунар со неоштетени средновековни лонци, дрвени предмети и делови од кожни чевли. Вилсон, кој претходно работел на наплатна рампа, морал да се врати да живее со родителите за да може да си го "дозволи" ова поле од соништата, но среќен е што наоѓалиштето се покажало како значајно.



"Ова е голема населба од 13. век. Имала околу 10.000 жители. Колку за споредба, Лондон во тоа време како најголем град имал 40.000 жители", рекол Вилсон.

Открил дека Трелек било место каде живееле неколку богати семејства, вклучувајќи ги и Де Клер, кои произведувале олово. Според експертските проценки, градбите датираат од периодот од 1.300. години, кога започнала реорганизацијата на градбите од камен по неколкуте војни во претходниот период.



Веќе наредниот век луѓето почнале да се раселуваат, а до 1650. година градот бил опустошен од граѓанска војна, и целосно напуштен.

На Вилсон годишно му се приклучуваат околу 100 доброволци за да му помогнат со ископувањето, а тој таму планира да изгради научен центар. Вели дека не жали за своите бизарни и ризични купувања и додава:

"Можеби требаше да купам куќа и да се преселам, но помислив: ќе останам дома и ќе купам поле. Луѓето ми велеа дека сум луд", рекол Вилсон.



Спонозорирани линкови

Маркетинг