Револуција: Научниците откриле како на природен начин да го спасат секој заб

Точка

10/01/2017

15:05

5.011

Големина на фонт

а а а

Забите во иднина би можеле да се натераат самите себе да се поправаат, што би значело крај за болните посети на забарите и ставањето на пломби, велат британските научници кои создале лек кој успешно ги поправа дупките во забите на глувците.

Тим од научници од Универзитетот Кинг во Лондон, покажал дека хемикалиите може да ги поттикнат матичните клетки во забната пупла, на тој начин што тие ќе ги излечат ситните дупки во забите на глувците. Името на лекот кој го направиле е "Tideglusib".


Лекот го примениле така што биоразградив сунѓер натопиле во споменатиот лек, и го ставиле во дупката во забот. Во истражувањето кое е објавено во научното списание "Science Reports", наведено е дека таа метода на лечење на забите довела до "целосно и ефективно природно заздравување", пренесува BBC.

Кај стандардното лечење на забниот кариес, посетата на забар подразбира копање по расипаниот заб со ситни алати и користење на смеси од метали или композити составени од прав од керамика и стакло. Во двата случаи, често пати во текот на животот потребно е неколку пати да се променат таквите пломби, бидејќи и тие пропаѓаат.


Но, да се вратиме на примената на "Tideglusib". Откако научниците биоразградивиот сунѓер натопен во лекот го ставале во оштетениот дел од забот, преку него нанесле и заштитен слој. Со време биораградиовиот сунѓер во забот исчезнува, лекот го прави своето, и забот е целосно излечен, а дупка повеќе нема.

"Просторот во кој се наоѓал сунѓерот станува полн со минерали во текот на разградувањето и регенерацијата на забот, па таму во иднина нема да има ништо што може да се расипе, како пломба", истакнува професорот Пол Шарп, кој учествувал во наведеното истражување.


Исто така, Шарп смета дека лекот би можел да се најде на пазарот во рок од три до пет години.

Интересно е дека "Tideglusib" менува серија сигнали во клетките кои се нарекуваат "Wnt" и кои се имплицирани во некои тумори. Исто така, тој лек веќе е тестиран на пациенти како потенцијална терапија за деменција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг