Брачен пар од Словенија заработи богатство од „Мачката која што зборува"

Точка

10/01/2017

14:55

4.866

Големина на фонт

а а а

Едни од најбогатите Словенци, основачите и сопствениците на компанијата која што стои зад мегапопуларната игра Talking Tom, наводно ја продале својата компанија на инвеститори од Кина за една милијарда евра!

Брачниот пар Иза и Само Логин, како што пренесуваат словенските медиуми, ги продале своите акции од компанијата Outfit7 која што ја основале и имале околу 60% од акциите. Кинеската компанија Zhejiang Jinke Entertainment Culture Co. наводно им понудила по 100 евра за една акција.


Со оглед на бројот на нивните акции во компанијата, вкупниот износ достигнува околу една милјарда долари, па продажбата на Outfit7 ќе стане најголемата продажба во историјата на Словенија. Брачниот пар, како ниту пак компанијата, засега не сакаат да дадат коментар во врска со продажбата.

Од правна гледна точка, Outfit7 е меѓународна корпорација, која што во Словенија работи преку компанијата Ekipa2, а регистрирана е во Велика Британија, но нејзиното седиште е во Кипар.


Словенскиот брачен пар ја основал компанијата во 2009-та година, а две години подоцна била основана и словенската „сестринска“ компанија. Компанијата се прослави со доста успешната апликација Talking Tom, а според податоците на Outfit7, нивната апликација досега била симната пет милијарди пати.

Компанијата Outfit7 во 2015-та година забелажала приход од 180 милиони евра, односно 80 милиони евра чист профит, а за минатата 2016-та година засега нема достапни податоци.


Спонозорирани линкови

Маркетинг