Снежната лавина голтала луѓе: Директорот на ски-центарот се смешкал на интервјуто

Точка

10/01/2017

14:30

13.318

Големина на фонт

а а а

Директорот на турскиот скијачки центар се нашол на удар на јавноста поради интервјуто кое опуштено го привел при крај, и покрај драмата која му се одвивала зад грб, во која можело да има и мртви.

На социјалните мрежи денес се проширила вознемирувачка снимка настаната на 29. декември минатата година, во турскиот град Картепе.



Додека директорот на ски-центарот давал интервју за локалната телевизија, на кое ја фалел атмосферата и грижата за гостите, низ дел од скијалиштето минала снежна лавина која затрупала неколку гости.


Иако сето тоа му се случувало зад грб, тој на оваа застрашувачка сцена реагирал со насмевка, а дури и на новинарската екипа и сугерирал дека може да биде среќна дека сето тоа го снимила со камера.


"Добро што дојде овој снег. Сите кои сакаат скијање се сега тука. Еве, како што можете да видите и сами, само што се спушти лавина, а вие тоа го снимивте. Луѓето се многу среќни, се грижиме за гостите најдобро што знаеме и можеме", рекол опуштено водителот, пишува Daily Mail.


Во исто време на скијалиштето се одвивала драма. Неколку луѓе затрупани, а останатите скијачи веднаш почнале да копаат во потрага по најмилите. Во тоа, за среќа, биле многу успешни, бидејќи никој не останал затрупан предолго, па немало посериозни повреди.


Како и да е, снимката погледнете ја сами, а на директорот на ски-центарот му посакуваме среќна потрага по нова работа, со оглед на тоа дека оваа најверојатно ја загубил.




Спонозорирани линкови

Маркетинг