Приштина ја осуди изјавата на Дачиќ за наводните напади од страна на албанската дијаспора

Макфакс

10/01/2017

13:18

468

Големина на фонт

а а а

Министерството за надворешни работи на Косово во вторникот остро ги осуди изјавите на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за можните „наводи напади од страна на албанската дијаспора на дипломатските мисии на Србија“, пренесуваат српските медиуми.

Косовското МНР порачало дека смета дека овие изјави се тенденциозни и имаат за цел да ја задржат тензијата ворегионот, се наведува во соопштението од министерството. Според косовските власти, се работи се „јазик на 90-тите години и предизвикување на страв, кога Србија сама ги оркестрирала нападите и им ги припишувала на другите“.

„За косовското МНР изјавите на Дачиќ се неприфатливи и како такви се неодржливи. Тие се разгорувачки, тенденциозни и придонесуваат за нестабилноста и рушењето на процесот на нормализацијата на односите“, се наведува во соопштението.

„Во такви околности, таквите акти на насилство би можеле да бидат оркестрирани од самата српска држава, и потоа да им се припишат на албанската дијаспора“, се истакнува во реакцијата на косовското министерство.

Дачиќ во понеденикот изјави дека српските влати располагаат со информации за „плановите на албанската дијаспора за заземање на едно од српските дипломатски претставништва во САД или во Европа со цел да се принуди Србија да се откаже да му суди на Харадинај“.

Шефот на српската дипломатија во писмената изјава исто така истакна дека „тоа покажува на што сé се подготвени албанските политичари, па дури и на тероризам“.

Претходно, пак, Дачиќ укажа дека изјавата на албанскиот премиер Дитмир Бушати за преиспитување на дијалогот меѓу Приштина и Белград, покажува дека „суштината на албанската политика е дека злосторствата против Србите се дозволени и оти дијалогот е само цел за натамошно афирмирање на косовската независност“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг