"Трамп на Путин ќе му ги даде Крим, Украина и Сирија, во замена за голема услуга"

Точка

10/01/2017

18:15

27.395

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп би можел "тивко" да го признае присоединувањето на Крим кон Русија и да ѝ ги остави Украина и Сирија во замена за некои други договори на глобално ниво, тврди "Times".

Пофалбите на Трамп за Путин, како и неговите обиди да ја заштити Москва од критиките за сајбер нападите поврзани со претседателските избори во САД, велат дека новоизбраниот претседател на САД го трасира патот за големо помирување со Кремљ.


Приоритетите на Трамп во надворешната политика, како што се наведува во текстот, се победа над Исламската држава, намалување на улогата на Иран како извор за дестабилизација во регионот, и борба со предизвиците од растечката и економска воена моќ на Кина.

Според проценките на Трамп, Русија би можела да помогне во реализација на сите тие стратешки задачи, под услов да го добие "признавањето" по кое копнее.


Договорот на Трамп и Путин, сметаат аналитичарите, би ја отстранил од меѓународната агенда на одреден рок "темата Крим", за да не го попречува регулирањето на прашањата за војната која се води на териториите на Доњецк и Луганск.

Единствениот руски носач на авиони "Адмирал Кузњецов", наскоро ќе мине низ ЛаМанш, откако ја завршил својата задача во Сирија.


Повлекувањето на тој брод и другите руски сили, според пишувањето на британскиот весник, било планирано на тој начин да се одвива истовремено со инаугурацијата на Доналд Трамп.

На тој начин Кремљ му праќа порака на избраниот претседател на САД - Владимир Путин е подготвен за договор со САД.



Спонозорирани линкови

Маркетинг