Камерман од Бугарија пронајден мртов во Белград

Макфакс

10/01/2017

11:45

526

Големина на фонт

а а а

Снимателот на бугарската „Спортал Медија група“, Асен Петров (26), по кого изминатите денови трагаше и Интерпол, е пронајден мртов во Белград.

Бугарскиот државјанин, до 5.јануари кога му се губи трагата, престојувал во еден српски хостел. Наредниот ден бил пронајден мртов, објавија во вторникот бугарските медиуми повикувајќи се на информациите на Интерпол.

Српски „Блиц“, повикувајќи се на свои извори, пренесе дека 26-годишниот снимател се самоубил откако скокнал од една белградска зграда. Тој бил идентификуван според пасошот, а телото било предадено на обдукција.

Според пишувањата на бугарските медиуми, Асен Петров во Србија допатувал со две девојки кои сѐ уште не се пронајдени, а нивните имиња биле впишани во книгата на гости на хостелот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг