Турскиот парламент ја започна расправата за јакнење на претседателските овластувања

Макфакс

10/01/2017

10:15

327

Големина на фонт

а а а

Турскиот парламент во понеделникот ја започна расправата за уставните промени со коишто би се прошириле овластувањата на шефот на државата, должност која во моментов ја извршува претседателот Реџеп Тајип Ердоган, а неговите критичари мисла дека тој на овој начин сака да ја приграби целат власт во земјата.

Предлогот кој е жестоко критикуван од опозицијата, предвидува пренесување на извршната власт од премиерот на претседателот на земјата и би можело да му овозможи на актуелниот шеф на турската држава Реџеп Тајип Ердоган, кој во 2014 година надмоќно беше избран по трите мандата на премиерската должност, во периодот од 2003 до 2014 година, да остане на власт до 2029 година.

Со воведување на претседателскиот систем, по углед на САД, Франција или Русија, би се создала правна основа за сегашниот начин на кој функционира всушност Ердоган кој стана главен фактор на извршната власт ставајќи го во сенка премиерот, спротивно на уставот донесен по воениот преврат од 1980 година за кој се залага секуларната и левоцентристичката опозиција.

За текстот кој парламентарната комисија го прифати кон крајот на 2016 година, пратениците ќе дебатираат во две читања, што ќе потрае најверојатно петнаесет дена, наведува новинската агенција Anadolu.

Проширувањата на овластувањата на претседателот ги загрижува политичките противници на Ердоган кои го обвинуваат за авторитарност, во прв ред по неуспешниот обид за државен преврат со помош на фракција во армијата од 15-ти јули и чистите кои потоа започнаа во турското општество.

Ердогановата исламско-конзервативна Партија на правото и развојот (AKP) тврди дека претседателскиот систем е неопходен за да се обезбеди стабилност во врвот на државата, како и дека тоа на Турција ќе ѝ овозможи да има систем како посочените во САД и во Франција.

Доколку уставната реформа биде усвоена, претседателот по изборот нема да мора да се повлече од својата партија, ќе именува и сменува министри, и ќе има еден или повеќе потпретседатели.

За предлогот сега мора да гласаат најмалку 330 од 550-те пратеници за да може да биде ставен на потврда на референдум. AKP и десната националистичка опозициска партија Партија на националното движење (MHP) која исто така го поддржува текстот од предлогот, имаат заедно 355 пратеници.

Референдумот би требало да се одржи во првата седмица од април, изјави во понеделникот вицепремиерот Нуретин Чанили.

Уставната реформа наидува на решително противење од страна на Републиканска народна партија (CHP) и на прокурдската Народна демократска партија (HDP), кои го обвинуваат Ердоган дека ја користи вонредната состојба воведена по неуспешниот пуч за а го воведе претседателскиот систем.


Спонзорирани линкови

Маркетинг