Глобалната слика радикално се менува: Ваков ризик не постоел ниту во времето на Студената војна

Точка

10/01/2017

13:07

5167

Големина на фонт

а а а

Американските разузнавачки служби објавија извештај во врска со нивните предвидувања на ситуацијата на глобален план во идните пет години. Ситуацијата моментално во светот и тоа како е загрижувачка.

Ризикот од конфликти помеѓу и внатре во државите во идните пет години ќе се зголеми до ниво какво што не е видено ниту за време на Студената војна, затоа што глобалниот раст слабее, а поредокот воспоставен после Втората светска војна се срушува.

Процесот на антиглобализација го подгрева национализмот – стои во меѓу другото во извештајот на американските разузнавачки служби кои што го објавија американските медиуми деновиве.

„Споменатите тенденции ќе се приближуваат една кон друга со темпо без преседан и ќе го отежнат владеењето и соработката, при што ќе ја променат природата на моќта – радикално менувајќи ја глобалната слика“, се оценува во извештајот наречен „Глобални трендови: Парадокс и напредок“ изработен од американскиот Национален разузнавачки совет.


Тезите кои што се објавен на околу две седмици од почетокот на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп само најавуваат една „турбулентна и тешка иднина“ за САД, вклучувајќи се поагресивни Кина и Русија, регионални конфликти, тероризам, климатски промени и бавен економски раст.

Управувањето, стои во извештајот, ќе стане попроблематично затоа што проблемите како што е глобалната климатска промена, уништувањето на околината и здравствените закани бараат колективна акција, но тоа се случува токму во моментите кога соработката станува се потешка.

Извештајот намерно ја изоставува анализата на американската политика или одлуките, но предупредува на сложеноста на потешкотиите со кои што ќе мора да се соочи новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.


Тој ќе се најде во незгодна ситуација затоа што ќе мора да ги исполни изборните ветувања, да го подобри односот со Русија, да ја достигне Кина на економското поле, да ги врати работните места во Соединетите Американки Држави и да го порази тероризмот, пред се Исламската држава.

Извештајот кој што вклучува и интервјуа со академици, финансиски експерти и политичари од целиот свет, ги истражува политичките, општествените и технолошките трендови за кои што авторите сметаат дека ќе го обликуваат светот во следните пет години.


Спонозорирани линкови

Маркетинг