Денес е „крал на Инстаграм“, но кога ќе видите како изгледал пред 10 години...

Точка

09/01/2017

21:26

20.899

Големина на фонт

а а а

Сите некаде го започнавме своето користење на социјалните мрежи. Некои тоа го направиле на Фејсбук, некои на Твитер, некои на Инстаграм, а тинејџерите од 90-тите години имаа само еден избор – MySpace.


Ако сте ја користеле таа социјална мрежа, веројатно се сеќавате на нејзиниот едноставен дизајн кој денес изгледа како „шега“, но сеедно со носталгија се сеќаваме на него.


Дури и најпознатиот заводник на светот Ден Билзеријан, денес познат како „кралот на Инстаграм“, имал „срамни“ почетоци на MySpace.


Денес овој 36 – годишник е најпознатиот плејбој во светот, но пред 13 години неговите објави не биле ниту сенка на денешните. Не само што тој изгледал доста поразлично, туку и „неговите жени“ изгледале различно од оние кои денес ги објавува на Инстаграм.


Иако, како што можеме да забележиме на фотките кои ги објавувал пред 10 години, и тогаш се трудел да изгледа како „лошо момче“, тоа тешко му одело.


Но, една деценија подоцна и 20 милиони следбеници на Инстаграм повеќе, Ден е практично нов човек. „Кралот на Инстаграм“ денес постојано е опкружен со прекрасни девојки и се чини дека има повеќе пари на сметката отколку што ние би знаеле што да направиме со нив.




Спонозорирани линкови

Маркетинг