6 најбезбедни дестинации за патување во 2017 година

Точка

09/01/2017

21:02

5.716

Големина на фонт

а а а

По терористичкиот напад во Берлин, каде што загинаа 12 лица и оној во Истанбул, каде што животот го загубија 39 луѓе, кај многу патници се појави страв дали денес е воопшто безбедно да се патува и кои се дестинациите во кои можеме да се чувствуваме сигурно.

Одговорот ни го даде организацијата HolidayTravelWatch од Велика Британија, која се занимава со решавање на проблемите на патниците, со давање на информации и совети на сите заинтересирани групи. Генералниот директор на организацијата Френк Брехани во интервју за британски „Express”, дал листа на дестинации кои се сметаат за најбезбедни во светот.

Швајцарија


Државата позната по својата неутралност, многубројни бункери и добро вооружена војска, е многу повеќе од дворци, планини и патувања со воз низ живописната природа. И покрај тоа што британското министерство за надворешни работи издало предупредување дека постои можност за терористички напад во Швајцарија, државата и понатаму се смета за дестинација со низок ризик од такви активности.

Нов Зеланд


Таа е една од најизолираните, но и покрај тоа една од најразвиените земји во светот – Нов Зеланд има стабилна демократија и не бил вклучен во некој поголем светски конфликт. Единственото предупредување кое се однесува на оваа дестинација е опасноста од земјотреси, но на нив не може да се влијае. Само размислувајте на Господар на прстените и прекрасната природа која ве чека на секој чекор. Нов Зеланд е познат како држава која има високи стандарди поврзани за човековите права, а стапката на криминал е исклучително ниска.

Тувалу


Островската држава која се наоѓа во Тихиот Океан поради својата оддалеченост отсекогаш била неутрална и не се впуштала во непотребни конфликти. Истата таа оддалеченост овозможува политичка независност и придржување кон други земји. Ова е четвртата најмала држава во светот која својата слава им ја должи на коралите и фактот што највисоката точка е на само 4.5 метри над нивото на морето. Стапката на криминал е исклучително ниска, а опасноста од тероризам не постои.

Фиџи


Оддалечената островска држава Фиџи лежи среде непрегледното пространство на Тихиот Океан кое ја чува од потенцијални напади. Коралниот брег и историјата на Јужното море е неговиот главен адут и привлекува многу туристи. Опасноста од тероризам е исклучителна ниска, исто како и стапката на криминал.

Исланд


Иако се смета за една од најпросперитетните и најразвиени земји во светот, Исланд нема цврста врска со било која држава која би можела да се смета за учесник во третата светска војна. Местото каде што Европа се сретнува со Америка ни го носи шармот на Скандинавија во уникатна вулканска средина. Стапката на криминал на Исланд е исклучително мала, а опасност од тероризам не е пријавена.

Бутан


Неговата уникатна локација го прави идеална дестинација за бегство ако дојде до поголем конфликт. Откако во 1971 година се приклучи кон ОН, Бутан ја задржал непристрасноста и аверзијата кон меѓународниот политички ангажман како Швајцарија. Политичката ситуација во државата е стабилна, а опасноста од тероризам е исклучително ниска.


Спонозорирани линкови

Маркетинг