Овие секојдневни работи ги правите погрешно!

Точка

09/01/2017

18:34

6.410

Големина на фонт

а а а

Работата е што некои работи погрешно сме ги усвоиле, а научниците велат дека тоа ни го отежнува животот.

Секојдневните работи како тоа како јадеме, пиеме и дишеме ни доаѓаат природно, односно не размислуваме за нив додека ги правиме и повторуваме. Тешко е да се замисли дека притоа правиме нешто погрешно, особено кога во ерата на глобализацијата и модерните медиуми од се` се прави наука, но експертите тврдат дека сепак, постојат некои трикови кои повеќето луѓе не ги знаат, а би можеле да ни го олеснат животот.

1. Како да ги „разгазите“ новите чевли


По купувањето на нови чевли, честа е појавата на болка и плускавци, а повеќето луѓе ќе се обидат да го решат тој проблем така што неколку дена по неколку часа ќе ги ставаат нозете во новите чевли за да ги „разгазат“. Но, експертите тврдат дека постои значително полесно и поедноставно решение. Се` што треба да направите е да облечете подебел пар чорапи и да ги облечете чевлите, а потоа да се послужите со фен. Топлиот воздух од фенот треба да се насочи кон местата на кои чевлите најмногу ве стегаат и притоа да мрдате со прстите за материјалот побрзо да се опушти.

2. Лупење на банана


Повеќето луѓе ја лупат бананата од дното, а всушност правилно е од врвот. Имено, првиот начин на лупење често доведува до кршење или нагмечување на бананата. Наместо тоа, почнете со лупење од другата страна, така што најпрво со прстите ќе го стиснете врвот за да се раздвои, а понатаму се оди лесно.

3. Место за лажицата за готвење


На повеќето садови за готвење постои практично место на кое можете да ја оставите лажицата за готвење, додека повеќето луѓе ја ставаат во посебна чинија, во мијалникот и слично.

4. Сечење на леб


Се чини логично лебот да се постави така што поширокиот дел е свртен кон дното на штицата за сечење, но тоа всушност го отежнува сечењето. Имено, дното е потврдо и ако го свртите наопаку, лебот подобро ќе се исече и значително помалку ќе се троши.

5. Слушалки


Се чини логично дека жицата од слушалките треба да се доведе до дното на увото и слушалката едноставно да се стави во отворот. Но, иако повеќето луѓе тоа го прават така, не треба да ве чуди тоа што слушалките често испаѓаат штом ќе се помрдне главата. Исправно би било слушалката да се стави во увото од горната страна.

Во приложеното видео погледнете уште некои работи кои повеќето луѓе ги прават погрешно:



Спонозорирани линкови

Маркетинг