Исчистете ги цревата за 24 часа: Исфрлете ја несварената храна и отровите во рекорден рок!

Точка

09/01/2017

17:42

13.006

Големина на фонт

а а а

Оваа еднодневна диета ќе направи вашето тело да заборави на празничното прејадување.

Празничната храна навистина е вкусна и убава, но знае да создаде разни проблеми ако се конзумира во неограничени количини. Ако сте претерале со дегустација на празничната трпеза, време е да го исчистите организмот од несварената храна и штетните материи.

Оваа постапка на чистење на организмот започнете ја уште вечерва.

Лен

Потопите една лажичка ленено семе во еден децилитар млака вода. Оставете ленот да набубри еден час, а потоа оваа смеса изедете ја пред спиење, а водата испијте ја. Многу е важно секое семе да го „измелете“ со забите.

Ленот е намирница која е во состојба целосно да ги прочисти вашите црева. Го користат оние кои имаат мрзливи црева и голем проблем со опстипација. Ленот го снабдува телото со влакна, омега-3 масни киселини и протеини. Омега-3 масните киселини се присутни во јадрото на ленот и поради тоа обвивката мора да биде пробиена за да можете да ги искористите (што значи дека семките треба добро да ги изџвакате).


Јаболков оцет

Штом ќе се разбудите, испијте една чаша вода во која сте додале две лажици јаболков оцет. После тоа изедете една лажичка мед, па испијте уште една чаша вода.

Оцетната киселина во јаболковиот оцет го спречува заминувањето на хлороводородната киселина од желудникот. Така храната полесно се вари без појава на рефлукс, подуеност и гасови, а воедно ја лекува опстипацијата и проливот. Истражувањата докажуваат дека јаболковиот оцет го урамнотежува апетитот, го засилува чувството на ситост и ја намалува желбата за дополнителна храна. Оцетот ги прави диетите помалку стресни, бидејќи истовремено му даваат енергија и го чистат организмот.


Лимон

Во бокал вода или шише (околу 1.5 литри вода) додадете сок од еден лимон, па таа вода пијте ја во текот на целиот ден.

Речиси нема нешто кое лимонот не може да го поправи, подобри и излекува. Овој драгоцен дар од природата содржи лимонска киселина, калциум, магнезиум, витамин Ц, биофлавоноиди, пектин, лимонин кои го подобруваат имунитетот и се борат против инфекции.


Зелен чај

Денес немојте да пиете кафе, туку наместо омилениот пијалок сварете си зелен чај и пијте го два пати во текот на денот. Тој делува како антиоксиданс и ги намалува воспалителните процеси, спречувајќи го таложењето на масти во централната лабораторија на организмот – во црниот дроб. Ако сакате да го исчистите целото тело од токсини, почнете го денот со пиење зелен чај.


Спонозорирани линкови

Маркетинг