Хакинен: Ботас може да биде шампион со Мерцедес

КРУГ.МК

09/01/2017

16:09

846

Големина на фонт

а а а

Поранешниот Формула 1 шампион, Мика Хакинен, смета дека Валтери Ботас може да ја освои титулата доколку се оствари неговиот сон да вози за Мерцедес.

„Ситуацијата не може да биде подобра за еден возач, кога екипата ве посакува. Особено ако е доминантен тим како Мерцедес, тоа е сон. Можам да го видам Ботас како шампион. Кога ќе дојдете до екипа која е на врвот и освојува титули и победува на трки, тогаш зависи од вас како ќе се вклопите, за да победите и да ја освоите титулата“, изјави Хакинен.

Се смета дека Ботас е фаворит за превземање на местото на Розберг, кој го шокираше Формула 1 светот кога одлучи да се пензионира само 5 дена откако ја освои титулата. Доцната одлука на Розберг го стави Мерцедес во тешка ситуација, откако повеќемина врвни возачи веќе донесоа одлука за каде ќе возат во 2017 година.

Сепак, се претпоставува дека Вилијамс, кои ги користат моторите на Мерцедес, можеби ќе го пушти Ботас, доколку се постигне соодветен договор. Според некои извори, Вилијамс сакаат цената на нивните мотори за 2017 година од 14 милиони фунти да биде отпишана во замена за Ботас.

Доколку финецот премина во Мерцедес, Вилијамс се подготвени да го врата Фелипе Маса, по неговата кратка пензија и да му се приклучи на дебитантот Ленс Строл. Доколку договорот не се оствари, Мерцедес ќе бидат приморани да го ангажираат Паскал Верлејн, покрај Луис Хамилтон.

Моментално без договор за 2017 година, Верлејн ја помина минатата сезона во Манор, освојувајќи 1 поен со 10


Спонозорирани линкови

Маркетинг