Најспортската KIA досега: Долго го чекавме Stinger - се исплатеше

Точка

09/01/2017

20:00

4.108

Големина на фонт

а а а

Пред нешто повеќе од пет години, на саемот за автомобили во Франкфурт, KIA го претстави својот концепт наречен GT, а три години подоцна и концептниот GT4 Stinger.


Деновиве е претставена и верзијата која што е подготвена за производство, а според многумина, Stinger е најспортската KIA досега.


Атрактивниот дизајн на Stinger доаѓа со моќен погон, па така овој автомобил ќе биде опремен со 2,0-литарски турбо-бензински мотор кој што ќе развива 255 коњски сили со најголем обртен момент од 352 Nm, додека во својата GT изведба која што ќе биде „врвот на понудата“, автомобилот под хаубата ќе има 3,3-лигарски би-турбо V6 мотор со моќ од 370 коњски сили и обртен момент од 510 Nm.


Од KIA велат дека нивниот „ѕвер“ ќе забрзува од 0 до 100 километри на час за 5,1 секунда, а максималната брзина ќе изнесува 269 километри на час. Двата мотори на пазарот ќе бидат достапни со погон на задните тркала и на сите четири тркала.

Повеќе за Stinger и секако за неговата цена, се очекува да биде познато кога автомобилот ќе биде претставен и за европскиот пазар, а тоа се очекува да се случи на Саемот за автомобили во Женева, Швајцарија.







Спонозорирани линкови

Маркетинг