Ова се најбезбедните авио-компании на светот: А што мислите, од кои држави се најнебезбедните авио-компании?

Точка

09/01/2017

15:55

7.886

Големина на фонт

а а а

Годишното истражување коешто ги опфатило најголемите авио-превозници на светот ја прогласи познатата Qantas за најбезбедна авио-компанија, и тоа веќе четврта година по ред.

Австралискиот превозник е пофален затоа што за сите години од своето постоење немал ниту една единствена незгода со смртни последици.


Листата којашто ја составил AirlineRatings.com, независна веб страница за оценување на безбедноста и услугите на авио-превозниците, е составена врз основа на оцените на 425 компании. Од оние коишто се опфатени во ова истражување, 148 добиле највисоки оценки, а речиси 50 биле под просекот.

Според оценките на оваа веб страница, за најлоши авио-компании важат оние од Авганистан, Индонезија, Непал и Суринам.

Во предвид се земени повеќе фактори, вклучувајќи го и тој дали превозникот има сертификат од Меѓународната асоцијација за авио-превоз (IATA), дали е на “црната листа” на Европската унија, како и тоа колку несреќи се случиле од неговото постоење и дали барем еден нивен авион бил приземјен поради опасност по безбедноста на патниците и екипажот.

AirlineRatings.com токму овие авио-превозници ги прогласи за најбезбедни на светот:

● Qantas
(Останатите се наведени по азбучен редослед)
● Air New Zealand
● Alaska Airlines
● All Nippon Airways
● British Airways
● Cathay Pacific
● Delta Air Lines
● Etihad Airways
● EVA Air
● Finnair
● Hawaiian Airlines
● Japan Airlines
● KLM
● Lufthansa
● Scandinavian
● Singapore Airlines
● Swiss
● United Airlines
● Virgin Atlantic
● Virgin Australia

A ова е листата од десетте најбезбедни нискотарифни компании (подредени според азбучен редослед):

● Aer Lingus
● Flybe
● HK Express
● Jetblue
● Jetstar Australia
● Jetstar Asia
● Thomas Cook
● Virgin America
● Vueling
● Westjet


Спонозорирани линкови

Маркетинг