Додека Гослинг ја примал наградата, Рајан Рејнолдс се бакнувал со Ендру Гарфилд

Точка

09/01/2017

17:10

11.871

Големина на фонт

а а а

Камерата случајно го снимила моментот кога славните актери се бакнале. Бакнежот го видела и сопругата на Рајан Рејнолдс, актерката Блејк Лајвли која не се шокирала, туку се смеала со останатите гости на масата.


Рајан Гослинг (36) чекорел кон подиумот каде што му ја врачиле наградата за најдобар актер во филмот „La La Land“. Додека камерата го следела неговото одење, успеала да го „фати“ најчудниот момент на доделувањето на Златните глобуси. Имено, Рајан Рејнолдс (40) го бакнал Ендру Гарфилд (33).



Блејк Лајвли (29) го набљудувала бакнежот на нејзиниот сопруг и Ендру и се смеела заедно со останатите гости на својата маса.

На доделувањето на Златните глобуси се случил уште еден бакнеж кој ги шокирал присутните. Актерката Сара Полсон (42) не се појавила со својата партнерка Холанд Тејлор (73) која публиката ја памети по улогата на мајката на Чарли Шин во серијата „Два и пол мажи“, туку на црвениот тепих прошетала со колешката Аманда Пит (44), а во еден момент девојките се бакнале.



Спонозорирани линкови

Маркетинг