Уште една застрашувачка атракција во Кина: “Невидлив” мост на местото кадешто се црпела инспирацијата за “Аватар”

Точка

09/01/2017

15:33

4002

Големина на фонт

а а а

Првото ниво на овој мост ќе биде изградено од нерѓосувачки челик и тоа на начин за да има ефект на огледало. Подот пак по кој ќе газат посетителите ќе биде изработен од црн камен којшто исто така ќе се однесува како огледало.

Ова е токму она место кадешто Џејмс Камерун ја црпел својата инспирација кога работел на добро познатиот филм “Аватар”. Областа Вулингијан со својата сликовитост, како и своето историско значење е лоцирана во областа Вулингијан во градот Даијонг, а е позната пред сè по своите камени столбови кои достигнуваат над 1 километар во височина и наликуваат на оние во Пандора (од филмот “Аватар”).


А новиот стаклен мост, којшто ќе се гради во планините Жангјиајие, ќе поврзува токму два планински врва, а ќе чини нешто повеќе од 4 милиони фунти. Мостот всушност ќе работи на две нивоа, па може да кажеме дека се работи за два моста.

Ова второто ниво, “невидливото” ќе има под изработен од стакло, такашто ќе ви се чини како да лебдите во воздух. Тој ќе се наоѓа под “нормалниот” мост.

Добра идеја е тоа што мостот ќе работи на две нивоа, па сите оние коишто имаат страв од самата помисла – прошетка по невидлив мост – ќе може да го изберат и сосема нормалниот мост.

Секако, со оглед на фактот дека проѕирниот мост се планира првенствено како туристичка атракција, во негова близина ќе се наоѓаат и неколку кафулиња, но и апартмани.

А како би требало сето тоа да изгледа, погледнете во видео записот:



Спонозорирани линкови

Маркетинг