Hub Robot: Ова е домашниот помошник на иднината

Точка

09/01/2017

18:00

2917

Големина на фонт

а а а

Кога станарите ќе заминат на работа, тогаш „се буди“ и роботот на LG кој што ќе започне да го чисти станот, ќе ја вклучи машината за перење на алишта и ќе ја загрее печката пред станарите да се вратат дома.

Виртуелните асистенти како Echo на Amazon и Home на Google, стануваат се попопуларни и нудат се повеќе можности, а деновиве и LG го претстави својот виртуелен домашен асистент кој што, како што велат од оваа компанија, ќе направи револуција на пазарот.


Имено, освен класичните опции како информациите за температурата, состојбата на сообраќајот, активирање на музика и слично, Hub Robot на LG ќе може, кога станарите наутро ќе заминат на работа, да ја активира роботската правосмукалка и машините за перење на алишта и садови, да „комуницира“ со фрижидерот и да ја загрее печката пред станарите да се вратат дома, така што тие би можеле веднаш да подготват за јадење.


Секако, Hub Robot ќе може да ги активира само оние компатибилни апарати за домаќинство кои што се поврзани на интернет, а со оглед на тоа што сите уреди веќе се движат во таа насока, реално е да се очекува во блиска иднина, кога ќе се вратиме дома да најдеме исчистен дом, испрани алишта и садови, загреана печка и слично.

Иако ваквите производи дефинитвно можат да им го олеснат животот на луѓето, сепак експертите се загрижени поради една работа, а тоа се – хакерите кои што можат да „упаднат“ во домот, да украдат важни податоци или пак да шпионираат преку безбедносните камери.



Спонозорирани линкови

Маркетинг