Се случи и тоа: Претставена е првата паметна четка за коса

Точка

09/01/2017

14:43

2.276

Големина на фонт

а а а

Станува збор за паметна четка за коса која што ќе ви дава информации за квалитетот на вашата коса и ќе ви дели совети.

Козметичкиот гигант L’Oreal на саемот за технологиja CES во Лас Вегас претстави паметна четка за коса која што е опремена со сензори кои што на корисниците ќе им овозможат да ги подобрат техниките за чешлање и одржување на својата коса.


Четката со назив The Hair Coach е само еден од козметичките геџети кои што се најавени на овогодишниот CES. Паметната четка е опремена со низа на сензори, микрофон, жироскоп и акцелометар и ќе вибрира ако премногу ја оптеретувате вашата коса.

Микрофонот во четката го снима звукот од кршењето на косата, а другите сензори е користат за на корисникот да му се овозможи да го добие посакуваниот изглед на фризура. Собраните податоци четката ги испраќа до апликација на вашиот паметен телефон со кој што е поврзана преку интернет или Bluetooth, а софтверот ги користи информациите за проценка на квалитетот на косата, ги следи учиноците од различните рутини од нејзиното одржување и препорачува соодветни производи.


Од L’Oreal велат дека поради пресилно четкање често пукаат врвовите и косата, а на развојот на оваа паметна четка работеле заедно со компаниите Kerastase и Withings цели 18 месеци.

„Ќе се изненадите колку многу жени ширум светот се загрижени поради пукањето на врвовите“, изјави потпретседателот на одделот за истражувања и иновации на L’Oreal, Гив Балох кој додаде дека „еден од главните предизвици при четкањето е да не се четка премногу и да се сочуваат влакната“.

Четката би требало да биде пуштена во продажба кон крајот на годината, а истата ќе се продава по цена од 200 долари.



Спонозорирани линкови

Маркетинг