Нов опасен тренд на интернет: Деца сами си ги кршат палците и објавуваат фотографии

Точка

09/01/2017

14:11

5.318

Големина на фонт

а а а

Бизарен тренд владее на интернет. Сè започнало од еден твит, а сега можете да видите стотици дислоцирани прсти на раце ширум светот. Младите генерации од година во година покажуваат колку им е здодевно, а се натпреваруваат кој ќе смисли "поглупава" идеја.


Еден од новите трендови помеѓу децата е кршење на палци. Имено, самите си ги кршат прстите, а фотографиите ги објавуваат на социјалните мрежи.




Фотографиите кажуваат доволно, а ова е деформитет кој во повеќето случаи може да се врати во нормална состојба. Децата ширум светот по "кршењето на прстите", прашуваат како својот палец да го вратат "на старото место".




Сè започнало со еден твит, за да продолжи со фотографии од оние кои сакаат самите да се повредат.


Спонозорирани линкови

Маркетинг