Ги спасиле кучињата скитници од замрзнување: Трговски центар во Истанбул со овој гест го воодушевил светот

Точка

09/01/2017

11:54

5338

Големина на фонт

а а а

Поради големите студови во најголемиот град во Турција, трговскиот центар "Атријум" во Истанбул ги отворил вратите за кучињата скитници во тој град.


Покрај убавиот гест, вработените се обиделе дополнително да ги стоплат несреќните кучиња, па сите ги покриле со топли ќебиња.



Поради неверојатно ниските температури и снегот кој практично го блокирал Истанбул, откажани биле повеќе од 650 летови, додека за сообраќај се затворени и Босфор и Дарданели.




Луѓето ширум Европа умираат поради замрзнување и катастрофални временски прилики, а само во Полска во последните три дена загинале најмалку 10 лица.


Спонозорирани линкови

Маркетинг