Грчката полиција откри таен магацин со оружје на терористката Рупа

Макфакс

09/01/2017

09:05

883

Големина на фонт

а а а

Грчката полицијата откри таен склад со оружје во домот каде што претходно беше уапсена една од најбараните терористки, 48-годишната Панајота (Пола) Рупа.

Рупа е уапсена во дом во едно од јужните предградија на Атина, во кој била со малолетното дете. Уапсена е и 25-годишна жена, осомничена дека ѝ пружила засолниште на терористката, пренесува Associated Press.

Според агенцијата, во засолништето се откриени две пушки, два пиштола, четири гранати и муниција.

Панајота Рупа е сопруга на познатиот грчки терорист Никос Мазиотис и заедно со него била припадник на анархистичката терористичка организација Револуционерна борба.

Таа беше осудена во отсуство за серија терористички акти, вклучително и нападот врз амбасадата на САД во Атина со ракетен фрлач во 2007 година. Поради овој напад, анархистичката ќелија Револуционерна борба беше ставенана на листата терористички организации на американскиот Стејт департмент.

Во февруари 2016 година Рупа се обиде со хеликоптер да организира бегство на нејзиниот сопруг од затворот Коридалос крај Атина. Таа изнајмила хеликоптер наменет за превоз на шест патници, кој полетал од областа Арголида на островот Китнос од архипелагот Киклади. Во текот на летот заканувајќи се со пиштол го принудила пилотот да го промени курсот, кој се обидел да ја разоружи при што биле истрелани три куршума. Хеликоптерот успеал да слета, а Рупа побегнала.

Подоцна полицијата утврдила дека оружјето било во 2014 година во текот на грабежот на банка што го извел Мазиотис кога бил ранет еден полицаец. Рупа, исто таа, е обвинета за најмалку два вооружени грабежа.


Спонозорирани линкови

Маркетинг