Со овие мажи жените сигурно доживуваат оргазам

Точка

05/01/2017

20:54

12.617

Големина на фонт

а а а

Сексот со овие мажи е најдобар, тврдат научниците после спроведеното истражување.

Имено, експерти од Универзитетот „Албани“ во Њујорк испитувале жени со хетеросексуална ориентација за нивните сексуални искуства и најважно од се`, колку често и интензивно доживуваат оргазам.

Потоа ги анализирале карактеристиките на партнерите на учесничките во студијата, вклучувајќи ја нивната личност, смислата за хумор, изгледот, но и тоа колку заработуваат. Освен тоа, ги прашале дамите да го оценат физичкиот изглед на својот партнер.


По анализата на податоците, заклучиле дека жените имаат поголеми шанси да доживеат оргазам доколку партнерот е атрактивен, има самодоверба и добро заработува. Исто така, интензитетот на оргазмот зависи од тоа колку жената го смета мажот за привлечен.

Жените кои своите партнери ги сметаат за атрактивни доживуваат поинтензивни оргазми, а се испоставило дека и ширината на рамениците на мажот исто така може да се поврзе со сексуалното задоволство.

Смислата за хумор секогаш е пожелна, а сега се покажало дека и жените кои имаат духовити мажи покрај себе почесто уживаат во сексот и редовно доживуваат оргазам.


„Интензитетот на оргазмот кај жените, зачестеноста на сексуалните односи и оцената на сексуалното задоволство на дамите зависи од тоа колку ги привлекува нивниот партнер“, соопштиле научниците.

„Смислата за хумор на нивниот партнер не само што влијае на самодовербата, туку и на подготвеноста на жената да иницира секс, на тоа колку често имаат секс, како и на силата на оргазмот.“

Имено, експертите заклучиле дека еволуцијата е причината зошто жените уживаат во сексот со фит, силен и духовит маж – децата би требало да им бидат „поуспешни“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг