Домашен рецепт од само две состојки кој ќе ја смири и најупорната кашлица

Точка

05/01/2017

20:03

11859

Големина на фонт

а а а

Сезоната на грип, вируси и кашлици одамна започна. Ако сте и вие меѓу оние кои ги фатила настинка ќе ве израдува информацијата дека постои еден скромен, но одличен рецепт за лековит сируп кој можете да го направите дома за 20 минути. Овој сируп од две главни состојки ги ослободува синусите, ја лекува кашлицата и настинката во рекордно време, а можат да го користат и децата.

Главни состојки: 250 грама свеж кромид исечен на парчиња со средна големина и околу 125 грама мед.

По желба можете да ги додадете и следните состојки: 1 лажичка лук (цел или во прав) кој ја олеснува болката, 1 до 2 лажички брест (сув или во прав) кој го смирува воспаленото грло, 1 до 2 лажички свежо исечкан корен од ѓумбир, 1 до 2 лажички корен од бел слез кој го смирува изиритираното грло и кашлицата.

Во сирупот можете да го ставите се` ова по слободен избор, но не повеќе од 2 лажички вкупно.


Постапка:

1. Исецканиот кромид и билките по избор ставете ги во помал сад од не`рѓосувачки челик или стакло. Додадете мед доволно за да го покрие кромидот (околу 125 грама).

2. Запалете тивок оган и оставете да зоврие. Кога медот ќе стане течен, намалете го огнот за билките што подобро да ги испуштат своите лековити состојки во медот. Садот покријте го за сите лековити својства да се задржат во сирупот, а капакот тргајте го на секои неколку минути за на брзина да го измешате сирупот и да спречите да загори (иако огнот треба да е доволно слаб за да не дојде до тоа).

3. После 20 минути бавно вриење, тргнете го садот од огнот. Процедете ги кромидот и билките, а остатокот од медот (кој во себе може да има траги од билките, што е во ред) ставете го во мала чинија или шише со капак и чувајте го во фрижидер.


Сирупот земајте го толку често колку што е потребно, но не почесто од секој половина час.

Доза: Една лажичка за деца до 10 години и една лажичка за деца постари од 10 години и возрасни.


Спонозорирани линкови

Маркетинг