Faraday Future го претстави FF91 со 1050 коњски сили: Ветуваат дека ќе го потресат автомобилскиот свет

Точка

05/01/2017

19:00

4.355

Големина на фонт

а а а

Прототипот на луксузниот SUV кој што е наречен FF91 зад кој што стои стартап компанијата Faraday Future, а кој ќе започне да се произведува на стартотод идната година, беше претставен на саемот за автомобили во Лас Вегас.

Цената за ова „чудо од автомобил“ ќе изнесува околу 180 илјади долари, а истиот може да се нарача со уплата на износ од 5 илјади долари.


Зошто многумина го нарекуваат „чудо од автомобил“, ќе ви откријат следниве бројки – 1050 коњски сили и забрзување од 0 до 100 како Формула 1 болид за почеток. Кога би го споредиле со конкуренцијата, на моделот на Тесла наречен S P100D, од 0 до 100 забрзува за 2,5 секунди, на FF91 му се потребни 2,39 секунди.


Футуристичкиот изглед на автомобилот чии што врати сами ќе се отвораат кога возачот ќе се приближи до автомобилот, дополнително ќе биде нагласен со холограмска технологија која што пред ветробранското стакло ќе ги прикажува сите потребни информации.

Дизајнерот на овој автомобил, Ричард Ким го опишува како „чудно прекрасен“ и тврди дека овој автомобил ќе го потресе автомобилскиот пазар затоа што кога ќе излезе, ќе биде технолошки најнапредниот автомобил на светот. Автомобилот ќе биде опремен со моќни батерии кои што со едно полнење ќе обезбедат домет од дури 700 километри.


Сепак, од стартап компанијата признаваат дека се соочуваат со финансиски проблеми, посебно при изградбата на фабриката во Невада, САД која што чини една милијарда долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг