USB стикот со најголем капацитет на светот: 2 терабајти во вашиот џеб!

Точка

05/01/2017

14:46

4.653

Големина на фонт

а а а

Kingston ги помести границите и деновиве го претстави својот USB стик во кој што може да се сместат 70 часови на видео материјал снимен во 4К резолуција.


Во пресрет на најголемиот саем на потрошувачка електроника на светот – Consumer Electronic Show – CES кој што се одржува во Лас Вегас, бројни компании се пофалија со разни новитети со кои што оваа година ќе се обидат да ги освојат корисниците.

Меѓу бројните досега претставени геџети и компјутери, еден од најинтересните уреди кој што привлече големо внимание, секако е DataTraveler Ultimate GT USB стикот на Kingston, при што кратенката GT во името значи Generation Terabyte.

„Ние во Kingston ги поместуваме границите на возможното“, коментираа од оваа компанија при претставувањето на USB стикот кој што ќе биде пуштен во продажба во текот на следниот месец и тоа во две верзии – една со 1 терабајт и другата со дури 2 терабајти меморија, што значи дека сопствениците на овој USB стик во џеб ќе можат да носат и до 70 часа видео материјал снимен со 4К резолуција.


Димензиите на DataTraveler Ultimate GT USB стикот на Kingston изнсуваат 72мм х 26,94мм х 21мм, работи на температура од -25 до 60 степени Целзиусови, а со оглед на тоа што станува збор за USB 3.1 уред, за поврзување со модерните преносни компјутери кои што имаат само USB-C приклучок, ќе биде потребен посебен адаптер.

Купувачите на DataTraveler Ultimate GT USB стикот ќе добијат гаранција од 5 години од Kingston, а тоа што најмногу ги интересира луѓето – цената на овој USB стик засега не е позната. Сепак, како што велат на The Verge, голема е веројатноста USB стикот со најголем капацитет, исто така да има и најголема цена на пазарот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг