На овој тест по интелигенција паѓаат околу 80 отсто од луѓето: Можете ли да го решите вие?

Точка

05/01/2017

13:22

6.699

Големина на фонт

а а а

Кога се говори за интелигенцијата, поголемиот дел од луѓето на тоа мислат како на единствена особина којашто одредува дали и колку е некој паметен или не, но постојат дури девет различни типови на интелигенција, тврди психологот Хауард Гарднер.

Личностите коишто се “силни” на зборови, брзо и лесно учат јазици, добро пишуваат и расправаат, ги одликува лингвистичка интелигенција. Луѓето пак кои учат и размислуваат преку слики, се просторно интелигентни. Тие подобро и полесно ги запомнуваат лицата отколку имињата, со цртање ги изразуваат идеите и ги сакаат најразличните видови на уметности.


Способноста и можноста за една личност да се занимава со длабоки прашања во врска со човечката егзистенција и значењето на животот се снак за егзистенцијалистичка интелигенција.

Тие пак коишто ја сакаат музиката и имаат чувство за ритам и мелодија и лесно ги запомнуваат и притоа ги разликуваат инструментите и свират на дел од нив, или пак пејат, се музички интелигентни.

Најчесто се мери природната и логичко-математичката интелигенција

Најочигледен знак за природна интелигенција е забележувањето на деталите околу себе. Таквите луѓе добро ги помнат местата, луѓето, животните и билките, добро се снаоѓаат во најразлични ситуации и на различни места, при што таквата интелигенција се смета за вродена.

Луѓето со логичко-математичка интелигенција ги воочуваат односите, причините и последиците и знаат да решаваат загатки, а посебно добро се служат со логиката при решавањето на проблемите.

Некои од фотографиите во видео записот пак се таканаречени “трик” прашања коишто се користат при тестирање на интелигенцијата, а покажуваат илузии коишто лесно го измамуваат човечкиот мозок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг