Ја снимал поларната светлина, а потоа слушнал звук од којшто се “замрзнал”

Точка

05/01/2017

13:07

9.947

Големина на фонт

а а а

Туристичкиот водич и фотограф, Оливер Рајт, снимил невообичаен звук на северот на Шведска, којшто наликува на бучавата којашто ја прави пиштолот од “Војна на ѕвездите”, при што тој верува дека звукот е предизвикан токму од поларната светлина.

Рајт којшто како водич работи за Lights Over Lapland, ги снушнал невообичаените звуци кога за Божиќ водел група луѓе да го видат феноменот аурора бореалис во северна Шведска.


- Стоев под интензивниот приказ на аурората кога го слушнав тој звук, изјавил тој за Spaceweather.com.



Тој тврди дека најпрво му се причинило дека звукот можеби доаѓа од далекуводите во непосредна близина, како и тоа дека и луѓето околу него исто така ја слушнале истата бучава. Тогаш, како што вели тој, им се приближил на далекуводите и го снимил звукот со помош на својот паметен телефон.

Рајт вели дека бучавата се интензивирала како што се приближувал до далекуводите и се намалувала како што тој се оддалечувал. Тој додава и дека на претходните тури веќе го слушнал истиот тој шум, но дека сега за прв пат го снимил.

Но, Оливер не е единствената личност којашто е заинтересирана за звуците на поларната светлина, напротив.


Во текот на историјата, луѓето често говореле за овие звуци, опишувајќи ги како пукање, шуштење, зуење или свирење. Данскиот истражувач Кнуд Расмусен и индиректно ги споменал во 1932-та година говорејќи за народните обичаи на гренландските Ескими, како и канадскиот антрополог Ернст Хоукс уште во далечната 1916-та година. Корнелије Тацит, историчар на стариот Рим, исто така пишувал дека луѓето од северот тврделе дека слушале исти такви звуци.

Постојат најразлични теории за локалните електростатички феномени на тлото коишто настануваат како последица од поларната светлина и тие засега најдобро го опишуваат потеклото на тие невообичаени звуци, но научниците сè уште не се согласни околу настанокот на овие мистериозни звуци.

Денес сè уште пристигаат извештаи за звуците на поларната светлина, а научниците досега верувале дека е неверојатно за било каков звук да биде произведен во аурората и истиот тој да може да дојде до тлото, бидејќи на звукот би му било потребно многу време за да допатува.

Тоа значи дека овие честички или геомагнетното пореметување коешто го произведува звукот е многу поблиску до тлото. Финските истражувачи од Универзитетот Алто пред неколку години лоцирале дека звуците поврзани со поларната светлина настануваат на околу 70 метри над тлото. Истражувачите изворите на звуците ги лоцирале со инсталирање на три посебни микрофони на местата кадешто се снимени звуците на поларната светлина. После тоа ги споредиле звуците и ја одредиле локацијата на изворот на звукот.

Сепак, повеќето детали за тоа како навистина звучи поларната светлина остануваат и понатаму нерешени.


Спонозорирани линкови

Маркетинг