Вакво нешто не сте виделе: Како Кинезите градат мост со помош на машина-чудовиште

Точка

05/01/2017

09:15

9078

Големина на фонт

а а а

Кинеската економија со децении наназад е во раст, а за да бележи константен раст потребно е да се обезбедат бројни предуслови. Еден од нив е инфраструктурата, односно изградбата на сообраќајници, копање на тунели и градење на мостови.


Дека изградбата на мост е многу одговорен градежен потфат им е јасно на сите. Сепак, со помош на модерната технологија и усовршувањето на машините, таа работа е многу олеснета.



Една таква машина, која го носи името "SLJ900/32", ја произведува една компанија од Пекинг, овозможува полесна и побрза изградба.




Машината е тешка дури 580 тони, долга е 91 метар, а широка нешто повеќе од 7 метри.




Погледнете на кој начин ова "чудовиште" го создава мостот.



Спонозорирани линкови

Маркетинг