Дали Обама успешно му се спротивстави на Путин, или доживеа тотален пораз?

Точка

05/01/2017

11:37

5.215

Големина на фонт

а а а

Американската администрација на чело со претседателот Барак Обама неодамна превзеде досега невидени чекори против Русија поради руската наводна вмешаност во американските претседателски избори.

Обама на неполн месец пред неговото напуштање на претседателската функција, избрка 35 руски дипломати, воведе нови санкции кон Москва и нареди затворање на две руски претставништва во Мериленд и Њујорк.


Без оглед на тоа дали Русија стои зад хакерските напади или не, новите американски санкции кон Русија кријат подлабоки причини. Има премногу причини зошто Американците вака се однесуваат, а најпрвин треба да се тргне од самите почетоци.

Естаблишментот на Обама ги живее своите последни денови на власт и во тие последни моменти Обама сака да остави впечаток по кој ќе го памети историјата. Обама избра да остане до крај на линијата на анти-русизмот и отпорот кон „силата која што настојува да ги поткопа американските интереси насекаде во светот“. Токму обвинувањата од Републиканците кои велат дека Обама е премногу „мек“ кон Русите, се само една од причините за тоа.


Обама имаше одлична поддршка од Американците после осумте години „катастрофално“ влаеење на Буш и беше дочекан со голем ентузијзам. Политиката на Обама кон Русија на почетокот на неговото владеење доста ветуваше и уште во 2009-та година дојде до „релаксација“ на односите помеѓу Вашингтон и Москва.

Круната на тоа „ресетирање“ беше потпишувањето на договорот „Нов Старт“ во 2010-та година со кој што беше предвидено намалување на нуклеарниот арсенал. Но, Арапската пролет доведе до колизија во односите на Американците и Русите. За американско-рускиот конфликт во Сирија и Украина се пишува на големо, а тука голема е улогата токму на Обама.

Иако многумина сметаат дека кој и да бил претседател на САД, ќе се случело ова, сепак улогата на Обама е многу важна. Обама јавно повторуваше дека Русија е само регионална сила и воопшто не водеше сметка за руските интереси. Сепак, Русија на Владимир Путин му се спротистави на Обама и на таквото арогантно однесување, па затоа денес имаме „статус-кво“ ситуација во Украина (САД ги поддржуваше анти-владините протести, Русија вооружуваше бунтовници и го анектираше Крим), и неизвесноста во Сирија.


Сепак, вреди да се истакне дека покрај тоа што Обама со последните санкции сака да остане како претседател кој што им се спротиставувал на Русите до самиот крај, факт е дека Обама ги превзеде таквите чекори и за да им се одмазди на Русите за поразот на Демократите. Покрај тоа, доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа е уште една од причините за анти-руските потези на Обама – имено, Барак Обама сака да му го отежни патот на Трамп кон затоплувањето на односите со Москва.

Со заострувањето на анти-руските санкции, Обама сака и да направи услуга на американската воена индустрија. Американските производители на оружје сакаат да ја задржат тензијата во воздух, па да продолжат со продавање на оружје на државите кои што се во руското соседство (Балтичките земји, Украина, Грузија), а исто така Обама сака да го оправда и постоењето на НАТО.

И на крајот, последните санкции претставуваат еден последен личен одговор на Обама кон Путин. Двајцата претседатели се сретнаа повеќе пати, но често нивните состаноци беа непродуктивни. Стануваше збор за судир на две спротивни политики: униполарна и мултиполарна.


Може да се каже дека Обама му се одмаздува на Путин затоа што тој си заминува, а Путин останува, а тоа се должи на политичкиот систем во двете земји. Обама законски не може да биде подолго претседател од два мандати, а Путин е на пат да остане и вечен лидер, со оглед на тоа што контролира се во државата, ги има медиумите и ги влече сите конци, а воедно опозицијата речиси и да не постои.

Иако историјата на крајот ќе пресуди, сепак може да се каже дека политиката на Обама и Путин, едниот кон другиот е фијаско. На почетокот од 2009-та година се чинеше дека двајцата претседатели ќе соработуваат добро, но денес имаме односи помеѓу двете суперсили кои што се на нивото од Студената војна.

Односот во силите помеѓу САД и Русија се промени дефинитивно, иако Русија и натаму е далеку зад глобалната моќ која што ја поседуваат Американците. Наскоро ќе видиме во која насока ќе се движат односите помеѓу Вашингтон и Москва, откако во Белата куќа ќе пристигне Доналд Трамп.


Спонозорирани линкови

Маркетинг