Исповед на машка проститутка: „Ги сакам жените, но почесто ми доаѓаат мажи”

Точка

04/01/2017

21:30

10979

Големина на фонт

а а а

Мажот кој себеси се нарекол „најдобриот ескорт на светот“, им одговарал на сите прашања за својата работа на корисниците на Reddit.

Мажот кој заработува за живот како „ескорт“, односно давајќи им сексуални услуги на сите кои се расположени да платат, открил како е да се прави тоа како „машка проститутка“.

Тој во својата објава на Reddit ги повикал луѓето слободно да му поставуваат прашања за се` што ги интересира, истовремено нарекувајќи се „број еден во светот меѓу машките ескорти“.

За брзо време добил многу прашања на кои дал прилично искрени одговори.

За себе рекол дека е Австралиец кој живее во Лондон, висок е 1.89 метри, со кафеави очи и руса коса. Физички е во форма и се труди да вежба секој ден, а што се однесува до сексуалната ориентација смета дека е бисексуален.

„Иако 90 отсто од времето моите услуги ги користат мажи, значи за геј секс, јас преферирам жени и трансвестити. Да се разбереме, фразата ескорт е еуфемизам за проституција. Понекогаш одам со клиентите на вечера, во казино, на театар, во приватни јахти и авиони, патувања... Повеќето клиенти ми се постојани муштерии кои добро ги познавам, а кој еднаш ќе ги нарача моите услуги обично се враќа“, одговорил на прашањето каде точно тој ги „придружува “ клиентите. (Where do you escort them?).

Тој објаснил дека со проституција се занимава веќе 10 години, а во Лондон проституцијата е легална, па нема проблеми со законот.


Не го задоволува сексот само со мажи

На прашањето дали го доживува сексот само низ призмата на парите, тој одговорил дека во своето слободно време ужива во сексот.

„Не е дека ми се гади од сексот со машки клиенти, но искрено не уживам премногу во него. Ако до крајот на животот би морал да имам секс само со мажи, би бил незадоволен“, рекол тој.

Ако му се случела ситуација во која идејата за секс би почнала да му се гади, вели дека или би отишол на долг одмор или едноставно би ја променил кариерата, бидејќи сексот е важен дел од уживањето во животот и ниту една сума на пари не може да го компензира тоа.

Сите го прават тоа поради пари

Не постои некоја друга причина за занимавање со оваа работа од брзите пари, објаснил тој. Тој наплаќал од 220 до 300 долари за час, а ако оди на источниот пазар (најчесто во Дубаи), тогаш задолжително ја удвојува цената.

„Некои клиенти и се вљубуваат, на пример мажи кои дома имаат сопруга и деца. Цел живот вешто кријат дека се геј, па од нашите тајни средби во главата си прават нереална љубовна приказна. Ми велат „те сакам“, а јас морам да смислам одговор кој нема да ги навреди, па обично им велам „тоа е многу симпатично“ или нешто такво“.


Ова не се прави!

Како што тоа е вообичаено во светот на проституцијата, ниту тој не е поборник за споделување интимност со клиентите. Поради тоа, бакнежите се строго забранети, нема милување и слично. Помалку или повеќе, се` се сведува на сексуалниот чин.

„Одбивав луѓе кои беа видно издрогирани или едноставно премногу наметливи и ми нудеа големи суми на пари. Не сакам проблеми. Исто така, нема шанси да имам секс со клиент ако видам дека станот му е валкан и не сака да се истушира претходно. Туширањето е предуслов за било што. Кондомите се задолжителни“, рекол тој.


Спонозорирани линкови

Маркетинг