Неверојатна трансформација: „Чиста сум четири години”

Точка

04/01/2017

21:00

6.890

Големина на фонт

а а а

Дежа Хол (26) била тежок зависник од мет и хероин, но успеала да се извлече од канџите на дрогата.

„Ако сакате да знаете кои се последиците од дрогата, само погледнете ги моите фотографии и се` ќе ви биде јасно“, рекла 26 – годишната Американка Дежа Хол.

„Фотографиите од тој период се понижувачки, но сеедно ги објавив со надеж дека можеби некого ќе охрабрам, ќе му помогнам или ќе му дадам надеж“, напишала Дежа на својот профил на Фејсбук.


Со тие фотографии одлучила да ги прослави четирите години од својата апстиненција, а горната фотографија е од нејзиното апсење на 12 јуни 2012 година. Експериментирањето со дроги го започнала кога имала 17 години, прво се навлекла на таблети кои ги земала и до 20 на ден.

Се обидела да престане со тоа, но одвикнувањата ѝ биле ужасни, постојано се тресела, повраќала, ѝ било ладно. Поради семејни проблеми немала поддршка од семејството, а пријател од друштвото еден ден ја наговорил заедно да пробаат хероин. На почетокот го пушела хероинот и тој ѝ „помогнал“ да се одвикне од пилулите.


Во канџите на зависноста од хероин

Наивно мислела дека работите можат да останат на тоа, но како и во сите други случаи, тоа не се случило. Се префрлила на игла и тука почнал пеколот. „Не можев да престанам, се` што успевав да направам беше да ја потиснам физичката болка. Дрогата ми служеше за затупување, а не за размислување. Не се сеќавав на болните работи и тоа ми претставуваше рај. Бев чудовиште во секоја форма“, раскажала таа.

Од април до декември 2012 година истовремено инјектирала и хероин и кристален мет. „Се убивав, имав околу 43 килограми, но мислев дека сум многу згодна и кул. Тоа е измама која ви ја прави дрогата, веројатно ми беше сеедно дали сум жива или мртва, а се чувствував непобедливо“, раскажал Дежа.


Момент на пресврт

„Она што ме поттикна беше посетата на мојот дедо. Му беше роденден, го прегрнав и го изгушкав. Тој ме гледаше од својата количка со очи полни со солзи, велејќи ми дека му нанесувам болка. Пред да почнам да се дрогирам бев многу поврзана со него, но потоа се оддалечив. Дедо ми знаеше дека со мене се случува нешто многу лошо. Отидов во бањата и сфатив – одвратна сум. Се помолив и му реков на Бог ако постои, нека ми помогне. Излегов и му реков на дедо ми да не се грижи, дека се` ќе биде во ред.

Неколку часа после тоа бев уапсена поради поседување на дрога. Бев преплашена, знаев дека морам да престанам, но зависникот во мене врескаше „не уште, можеш уште малку, ти треба“. Истиот ден кога ми рекоа дека морам да одам во затвор, слушнав дека починал мојот дедо.


Нему му дадов ветување дека никогаш повеќе нема да допрам дрога и тоа морав да го направам. Во затворот физички се ослободив од се`, беше ужасно, но се исплатеше. Чувството на гордост беше огромно, ме тераше да одам напред. Се свртев кон Бог и во тоа пронајдов сила.“

Дежа денес е мајка на 18 – месечно девојче, работи како дадилка и студира. Таа е во среќна врска и вели дека дрогите воопшто не ѝ недостасуваат и дека нема ден во кој не е благодарна за новата шанса која ја добила.


Спонозорирани линкови

Маркетинг