„Најдобриот лаптоп" пристигнува во хибридна верзија

Точка

04/01/2017

15:00

3.593

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите, а за некои и најдобриот преносен компјутер на светот – Dell XPS 13 пристигнува во хибридна верзија и сега ќе може да се користи и како таблет.

Еден од најголемите трендови на компјутерскиот пазар во последно време се 2-во-1 компјуерите, хибриди кои што се комбинција на лаптоп компјутери и таблети, па на корисниците им го нудат „најдоброто од двата светови“.


Токму ваков хибрид деновиве претстави Dell – оваа компанија врз темел на нивниот добро познат преносен компјутер XPS 13, сега го „претвори“ во 2-во-1 хибриден модел чиј што екран може да се користи како таблет.


Како и класичниот лаптоп, хибридот исто така е изработен од комбинација на алуминиум и карбонски влакна и доаѓа со 13,3-инчен екран со резолуција од 3,200х1,800 пиксели, односно 1920х1080 пиксели, кој што секако е чувствителен на допир.

Корисниците можат да изберат помеѓу 3,2 GHz Intel Core i5-7Y54 процесор или 3,6 GHz Intel Core i7-7Y75 процесор (Kaby Lake генерација на процесори), достапни се модели со 4, 8 и 16 GB RAM меморија, како и SSD со капацитет од 128 GB до 1 TB.



Од Dell велат дека батеријата на хибридот може да издржи и до 15 часа користење (моделот со Full HD екран), односно околу 9 часа ако на него гледате само филмови или сурфате на интернет. Од останатите опции треба да се издвои и вградениот читач на отпечатоци на прстите, Thunderbolt 3 приклучокот и читачот за microSD мемориска картичка.

Почетната цена на овој хибрид на пазарот во Соединетите Американски Држави ќе изнесува илјада долари (што е за околу 200 долари поскапо во однос на класичниот XPS 13 преносен компјутер), но корисниците кои што ќе сакаат помоќен компјутер, односно i7 процесор, 1 TB SSD меморија и 16 GB RAM меморија ќе мора да издвојат многу повеќе. Продажбата во САД започнува оваа седмица.


Спонозорирани линкови

Маркетинг