Новитет од Тесла: Уште еден чекор поблиску кон целосна автономија...

Точка

04/01/2017

14:33

13.486

Големина на фонт

а а а

Надградбата на автопилотот на Тесла претставува уште еден чекор понапред кон воведувањето на целосна автономија на нивните автомобили.

Првиот човек на Тесла Моторс, Илон Маск кон крајот на минатата година најави дека нивните најнови автомобили ќе бидат опремени со хардвер кој што ќе овозможи целосна автономија при возењето, а оваа седмица дел од сопствениците на Тесла автомобилите добија надоградена верзија на автопилотот кој што сега е уште подобар и побезбеден.


Од оваа компанија напоменаа дека сепак и натаму станува збор за тестирање кое што најпрвин сакаат да го испробаат на ограничен број на автомобили, а потоа надградбата ќе пристигне кај сите автомобили на Тесла.


Моделите Tesla S и X кои што беа произведени после октомври минатата година, опремени се со напредни радари, камери и сензори кои што можат да го искористат целиот потенцијал на автопилотот и комбинацијата на овој хардвер и новиот софтвер се само уште еден чекор кон иднината во која што контролата над воланот во целост ќе ја превземат компјутерите.

Новитетите од последната надградба вклучуваат уште понапреден систем за предупредување на судир од предната страна на автомобилот, автоматска контрола на возењето при што автомобилот сам ќе ја прилагоди брзината на патот, односно ќе забрзува или ќе забавува во однос на густината на сообраќајот, како и можноста за прецизно управување на компјутерот со автомобилот при мали брзини.


Благодарение на новата генерација на сензори и софтверот кој што константно се надоградува, Илон Маск верува дека неговите автомобили веќе до крајот на оваа година ќе ја имаат можноста за целосно автономно возење, а како што е добро познато, слични технологии развиваат и останатите производители на автомобили, па јасно е во која насока ќе се развива автомобилската индустрија во иднина.

Иако и натаму голем е бројот на луѓе кои што се скептични на оваа технологија, сепак во Тесла и Гугл не се согласуваат и тврдат дека нивните тестирања покажале дека компјутерите се подобри возачи од луѓето. Сепак, факт е дека и натаму светот е далеку од една реалност во која што ние би се релаксирале безбедно, а автомобилот сам би не одвел на посакуваната дестинција.


Спонозорирани линкови

Маркетинг