Човекот има уште еден орган за кој не се знаело

Точка

04/01/2017

14:13

8.109

Големина на фонт

а а а

Новиот орган во човековиот организам и официјално го добил името мезентериум и се наоѓа во дигестивниот тракт.

Неговата структура е добро позната, но за функциите не се знае многу.


Мезентериумот е всушност двослоен мрежест превој, кој ги поврзува цревата со задниот дел на абдоминалната празнина.

Анатомскиот опис кој веќе 100 години се наоѓа во литературата не е бил целосно точен. Долго се мислело дека мезентериумот е составен од фрагментирани структури, пренесуваат медиумите.


"Овој орган е далеку од простата низа неповрзани посебни делови, тоа е една структура", објаснува Калвин Кофи, професор по хирургија од Универзитетската болница Лимерик во Ирска.

Според неговите зборови, објаснета е анатомијата на структурата, а следниот чекор е да се објасни неговата функција.




"Доколку ја разберете функцијата, можете да ги препознаете неправилностите во работата и тогаш имате болест. Го сложувате сето тоа заедно и добивате цела нова гранка во медицината", додава Кофи.

Веста за неговото откритие е објавена во списанието "The Lancet Gastroenterology & Hepatology".

Студентите по медицина и научниците сега вниманието ќе го насочат кон истражување на улогата на мезентериумот и абдоминалните заболувања.


Спонозорирани линкови

Маркетинг