Пронајдени антибиотици кои би можеле да донесат револуција

Точка

04/01/2017

10:46

7902

Големина на фонт

а а а

Руски биолози пронашле природни антибиотици во пештерите на Сибир. И тоа оние кои би можеле да донесат револуција во борбата против бактериите отпорни на постоечки лекови.


Во сибирските пештери, во близина на Бајкалското езеро се крие богатство. Не дијаманти, не злато - туку бактерии, извор на природни антибиотици.

"Многу пештери на ова подрачје се постари од Бајкалското езеро, постари од 30 милиони години. Нашето истражување е посветено на тоа како настанала бактеријата, како е зачувана 30-40 милиони години и што произведува", рекол биологот Денис Аксенов-Грибанов.



Пронајдените бактерии синтетизираат антибиотици, што би можело да помогне во развивањето на антибиотици за таканаречени супербактерии отпорни на сè, а се проценува дека токму тие би можеле да убиваат 10 милиони луѓе секоја година.

"Бајкал е единствен еко-состав во кој можеме да најдеме многу организми кои имаат единствени својства, а кои можат да се користат за создавање на нови технологии или да имаат биотехнолошка примена", рекол биологот Максим Тимофејев, пренесува news.webmarked.net

Пештерите во Сибир се недопрени оази. Руските научници веќе некое време го истражуваат Месечинското млеко, како што ја нарекуваа откриената супстанца.


"Сега наша цел е да го зголемиме бројот на антибиотици за практична примена. Собравме многу примероци, но мораме да се сконцентрираме за да не трошиме ресурсите, а да добиеме антибиотик кој може да се користи", вели Денис Аксенов-Грибанов, биолог.

Низа антибиотици се во завршна фаза на истражувањето. Некои од нив веќе се користат во живинарски фарми, а конечната цел е антибиотик за луѓе.


Спонозорирани линкови

Маркетинг