Џиновски робот наскоро ќе ја чуваа границата на Јужна Кореја

Макфакс

04/01/2017

09:11

3.154

Големина на фонт

а а а

Џиновски робот што оди како човек ги направи првите чекори кон доминација во светот, пренесува Fox News.

Виталиј Булгаров, дизајнер на роботи од типот „Метод-2“, кој најчесто соработува со автори на холивудски филмови, како што се „Трансформери“, „Робокап“, „Терминатор“, „Аватар“, неодамна направи робот чудовиште тежок 1.5 тон. Овој робот-терминатор е резултат на неговата соработка со јужнокорејската компанија за роботика Hankook Mirae Technology.

Дури 30 инжинери учествувале во реализација на проектот, за кој се вели дека е првиот робот на две нозе кој ќе им помага на луѓето во опасни зони.

Јанг Џин Хо, директор на компанијата, изјави дека проектот „Метод-2“ датира од 2014 година и дека во него се вложени околу 190.000 евра, но заинтересираните ќе мора да причекаат уште малку за истиот да биде пуштен во продажба.



Роботот, кој ќе чини 7,9 милиони долари, засега е поврзан на струен кабел и прицврстен за челична конструкција, пишува германскиот „Fokus“.

Ако се оди според планот, во продажба ќе биде пуштен на крајот на 2017 година, а веќе има заинтересирани купувачи од областа на градежништво, индустриско производство и шоу-бизнисот.

Спроред неофицијални извори, овој џин најверојатно ќе ја штити границата на Јужна Кореја кон Северна Кореја.


Спонозорирани линкови

Маркетинг