Ова се најхрабрите крадци во историјата: Ограбиле златара додека надвор дежурале 7.000 полицајци

Точка

04/01/2017

10:00

7495

Големина на фонт

а а а

Крадците во Њујорк "работеле" и за дочекот на Нова Година, па така се случила кражба на накит вреден 6 милиони долари на Тајмс Сквер, и тоа буквално пред носот на илјадници полицајци во непосредна близина.

Тројца крадци биле снимени од надзорните камери на "KGK Holding", златара со седиште во Индија, а детективот Ахмед Насер потврдил дека полицијата трага по нив.


Инаку, грабежот се случил на Тајмс Сквер, каде за Нова година патролирале дури 7.000 полицајци.

Крадците влегле во зградата, отишле на 6. кат, провалиле во продавницата и ги испразниле сефовите.

"Со пленот побегнале веднаш по полноќ", рекол Насер.



Спонозорирани линкови

Маркетинг