Сè што ве интересирало: Жените проговорија за аналниот секс

Точка

03/01/2017

20:41

13.505

Големина на фонт

а а а

Иако аналниот секс е активност која се поврзува со луѓето со хомосексуална определба, сепак двата пола и припадниците на било која сексуална определба го практикуваат и уживаат во него.

Истражувањата покажуваат дека повеќе од една третина жени на возраст помеѓу 25 и 44 години признале дека имале анален секс со маж барем еднаш во животот, а една петтина од жените признале дека почесто го практикуваат аналниот секс. Бројот на овие жени постојано се зголемува.

Зошто е тоа така? Пред 21-от век, аналниот секс се сметал за сексуална активност која се поврзувала со силување и имала негативна конотација, дека служи само за мачење и дека жените не можат да уживаат во аналниот секс. Но, современите истражувања зборуваат поинаку. Жените, сепак, уживаат во овој вид на секс.


„Да, го сакам аналниот секс и имам оргазми кога го практикувам. Исто е како кога имам обичен секс. Моето тело го сака овој вид на секс“, изјавила една испитаничка во ова истражување.

Во согласност со овие резултати било откриено дека 93% од жените доживуваат оргазам за време на аналниот секс, за разлика од вагиналниот секс, кај кого 63% од жените доживуваат оргазам и 81% од жените доживуваат оргазам при орален секс. Секако, ова не значи дека аналниот секс сам по себе доведува до оргазам, бидејќи жените од истражувањето за време на аналниот секс ги практикувале и останатите видови.

Оргазмите можат да им се припишат на разновидностите во видовите на секс за време на односот, отколку на самиот чин на аналниот секс. Се чини дека сите жени кои се отворени за анален секс, се подготвени повеќе да експериментираат.


Секако, аналниот секс не им се допаѓа на сите жени, на некои од нив ова искуство им е болно и непријатно. Сепак, повеќето од нив велат дека ова искуство им се случило непланирано. Заклучокот е дека многу повеќе жени отколку што мислите имаат анален секс, но нивното искуство е различно.


Спонозорирани линкови

Маркетинг