Ова е најлошиот водоинсталатер: Им го поплавил станот! Погледнете ја неговата борба со водата

Точка

03/01/2017

17:51

6.685

Големина на фонт

а а а

Кога забележале дека во бањата им протекува една од цевките, сопствениците на стан во Лејк Форест во Калифорнија, логично, повикале водоинсталатер. Но, наместо да им го реши проблемот, тој успеал да им уништи половина стан...

Водоинсталатерите обично ги викаме за да ги спасат работите и да ни го вратат животот во нормала. Но, кога ќе ја погледнете снимката од хаосот кој го предизвикал еден водоинсталатер во стан во Калифорнија, ќе бидете благодарни што никогаш не сте морале да имате работа со таков човек.

Имено, овој водоинсталатер одговорил на повикот од сопственикот на станот кој забележал дека една од цевките во бањата пушта вода. Наместо, пред поправката да ја исклучи водата во станот, овој водоинсталатер одлучил да ја поправи цевката без да го стори тоа, па поради тоа направил поплава во бањата, ходникот, а штета претрпел и станот под него.

Неговата битка со врелата вода која течела зад ѕидот била речиси епска.

За работата да биде уште побизарна, се чини дека водоинсталатерот на сопствениците сакал да им заштеди пари. Имено, привременото исклучување на водата поради поправка во зграда се наплаќа 150 американски долари. Наместо да го плателе тоа, сопствениците сега за поправка на станот сигурно ќе потрошат неколку илјади долари.



Спонозорирани линкови

Маркетинг