Моќниот хрватски Rimac Concept One конечно ќе ги одмери силите со Bugatti Veyron

Точка

03/01/2017

16:30

5.376

Големина на фонт

а а а

Најавен е „дуел“ помеѓу автомобилите кои што спаѓаат во тесниот круг на најмоќни автомобили на светот – Rimac Concept One и Bugatti Veyron.


Кога во 2009-та година ја основал компанијата Rimac Auto, речиси никој не му верувал на Хрватот Мате дека еден ден ќе го произведе еден од најнапредните спортски електрични автомобили на светот. Неколку години подоцна, тој на целиот свет му покажа дека „чудата се возможни“.

На трките за забрзување и поставување на најдобро време, Rimac Concept One веќе ги порази моќните Ferrari LaFerrari и Porsche 918, а сега на ред доаѓа дуелот кој што сите со нетрпение го очекуваа.


Овој пат Rimac Concept One ги одмери силите со „најголемиот од сите“, а иако засега е одржан само еден „обичен дуел“ во кој што главните актери ги запознаваа автомобилите, најавен е и директен дуел на тркачка патека кој што го очекуваме сите со нетрпение.



Спонозорирани линкови

Маркетинг